На 07.10.2025 во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 68-годишно лице од Скопје.

При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews