Случајот бил откриен вчера (19.09.2026), при контрола мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, во рамки на активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога.

Во 20:45 часот, во близина на автокамп  во село Радожда, при извршениот преглед кај 23-годишен државјанин на Унгарија била пронајдена марихуана.

За настанот биле известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и судија на претходна постапка од Основниот суд Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews