На 31.10.2025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од селото Подмоље, охридско.

При претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел 48-годишното лице извршен со судска нредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол „VZOR“ калибар 7,65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, пакување со црна грутчеста материја, ќеса со кафеава прашкаста материја и други предмети кои нелегално ги поседувал, информираат од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews

фото. МВР