Полицијата одзеде различни пиротехнички средства од 15 годишно момче од Охрид.
На 24.12.2021 година во 13,10 часот, при преглед извршен врз 15 годишно момче од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 120 различни видови пиротехнички средства-петарди што нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.
Како што соопштуваат од секторот за внатрешни работи Охрид, пиротехниката е одземена од момчето и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












