На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридско Езеро кај Пештани забележани се 4 гранати.
Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Истите, вели Димоски, се безбедно подигнати за натамошна постапка.












