На зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, вчера, околу 19 часот, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.

  • На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а опојната дрога е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на настанот.

OhridNews