Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за „Спутник“ изјавил лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек.

„Дознав од сигурни извори во службите за безбедност во Истанбул, дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар кој се наоѓа во градината на територија на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија“ изјавил Перинчек.

Извори за весникот „Хуриет“ ги соопштиле детаљите од истрагата. Според нив, полицијата благодарение на патиките открила дека на снимките од надзорната камера, од конзулатот излегол двојник на новинарот.

„Кога Кашоги влегол во конзулатот носел чевли, а не патики. Првата разлика која ја забележал полицискиот им, кој ги прегледувал снимките“ рекол изворот.

Кашоги бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за време на тепачка со луѓе кој ги сретнал таму, соопшти Саудиска Арабија на основа на прелиминарните резултати од истрагата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул било планирано, опишувајќи го како дивјачко.

Според Ердоган, на одговорните за убиството на новинарот треба да им се суди во Турција, бидејќи убиството се случило во таа земја.

„Го повикувам саудискиот крал и врвот на администрацијата на Саудиска Арабија да го разгледа мојот предлог. Тие ќе одлучат за тоа, но ова е мојот предлог. Тоа се случило внатре во границите на нашата држава“ додал Ердоган.

Свирепото убиство, нагласил Ердоган, е навреда за целото човештво о нагласил дека тоа не се случило спонатно, туку однапред било планирано.

Ердоган нагласил дека за убиството се одговорни 18 лица, од кои 15 дошле од Саудиска Арабија во Турција за да го извршат, а тројца се вработени во конзулатот во Истанбул, каде било извршено убиството.

Како докази за тоа, Ердоган ги истакнал тврдењата дека од конзулатот се изнесени хард дискови на кои се чуваат снимките од безбедносните камери.

OhridNews

Макфакс