Човечки труп во фаза на распаѓање, пронашла вчера полицијата во атарот на охридското село Велмеј. Според неофицијални информации безживотното тело го забележале ловџии, кои  веднаш  пријавиле во Охридската полиција.

Од СВР Охрид сеуште официјално го немаат потврдено овој случај, но неофицијално дознаваме дека судските вештаци се веќе на терен и дека се преземаат сите мерки за утврдување на идентитетот на пронајденото безживотно лице.

OhridNews