М.М.(26) од струкото село Радолишта, заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Според полицијата во текот на месец декември 2011 година, во Струга бил извршен  преглед во патничко моторно возило „опел кадет“  управувано од пријавениот. Во возилото биле пронајдени 1,1 грам наркотична дрога „хероин“. Пријавениот дрогата ја набавил од непознато лице за износ од 1.000 денари.

OhridNews