Канадските научници пронашле едноставен лек за ракот, но големите фармацевтски компании не се заинтересирани бидејќи лекот не може да се патентира, а заради тоа и не носи заработка, јавува „Макфакс“.

Научниците од универзитетот во Алберта, во канадски Едмонтон, минатата недела пронашле лек за ракот. Се работи за едноставен метод што се темели врз основниот лек. Методот вклучува диклорацетат, кој во моментот се користи за лекување на пореметувањата на метаболизмот. Заради тоа нема грижа околу можните нус појави или други долгорочни последици.

Лекот не бара патентирање така што може да го примени секој брзо и евтино, за разлика од скапите лекови за рак на големите фармацевтски компании. Канаѓаните диклорацетат го тестирале на човечки клетки – и делувал. „Го убил“ ракот на белите дробови, градите и мозокот, додека здравите клетки останале неоштетени. Лекот е тестиран на стаорци што болувале од разни тумори.

Но и покрај ова, фармацевтските компании не се заинтересирани бидејќи не може да го патентираат лекот, а без тоа нема заработка. Такво богатство во моментот прават на патентот за сидата.

OhridNews
извор: „Макфакс“