Неофицијално полицијата привела едно лице за кое се сомнева дека ја предизвикало несреќата во која животот го загуби 52-годишната охриѓанката Блага.М.
Полицијата во изминатите денови интензивно трагаше по предизвикувачот на сообраќајната несреќа, за која во јавноста се плетеа разни приказни. Во истрагата како што дознаваме биле користени снимки од безбедносни камери од објекти во поширокиот радиус од местото каде што се случи нереќата, со цел да се идентификуваат возилата кои кобното утро сообраќале во тој дел на градот.