
На 9-ти март оваа година, при претрес во домот на пријавениот, сокриена во тегла, пронајдена е помала количина тревкаста материја запакувана во хартиена опаковка како и еден куршум долго зрно калибар 7,62 милиметри од непознато потекло.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Од добиените анализи, утврдено е дека растителниот материјал од теглата со нето маса од 5,27 грама претставува марихуана, растителниот материјал од хартиеното пакување со нето маса од 0,20 грама претставува мешавина на тутун и марихуана, додека пронајдениот куршум со калибар 7,62х39 милиметри е од кинеско производство, произведен во 1964 година.
Пријавениот е лице познато на службата против кого и досега, по слични основи биле поднесувани кривични пријави.
OhridNews











