Криминалистичката полиција од Полициската станица во Струга пронајде вкупно 192 куршуми од засега непознат калибар.
 
Куршумите заедно со две рамки за автоматска пушка, пронајдени се вчера при претрес во плевна сопственост на П.И. (40) од селото Франгово. Претресот е извршен по претходно добиена  наредба од Основниот Суд во Струга.

Муницијата и двете рамки, пронајдени се под покривната конструкција на плевната поточно на потпорните греди сокриени на две различни места. Муницијата била сместена во пластично шише обвиткано со хартија додека рамките за автоматската пушка, биле завиткани во коноп,  а потоа во платно.

Вчерашната акција на криминалистичката Полиција е резултат на оперативно сознание дека П.И. нелегално набавил и поседува поголема количина муниција.

На лице место, направен е криминалистички увид а одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи.

Против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews