Вчера, во 08.30 часот, во Секторот за внатрешни работи – Охрид вработен во Извидничкиот камп – Охрид  пријавил  дека претходниот ден покрај реката „Даљан“ на самиот влез од кампот пронашол 334 куршуми со калибар 7,62 мм.

Од страна на полицијата извршен е увид на местото на настанот, а муницијата е подигната и предадена на вештачење.

OhridNews