Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга  поднесе кривична пријава против 20- годишен жител од струшкото село Горно Татеши.

На 24-ти јули оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет сокриена во спалната соба и еден оптички нишан марка „Гамо“. Дополнително, во платнена зелена торба од заштитна маска пронајден е еден револвер марка „Екол Випер“ калибар 9 милиметри, два држачи за куршуми и една празна рамка за полуавтоматска пушка, информира портпаролот на СВР Охрид,Стефан Димоски .

Одземеното оружје е предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје од каде, по извршените анализи утврдено е присуство на нитратни честитки во цевките од оружјата.

OhridNews