Криминалистичката Полиција од Струга, при претрес, вчера во струшкото село Октиси, изврши успешна акција и пронајде оружје, муниција и рачни бомби.


По претходно добиена судска наредба за претрес, во домот на А.К. (56) од селото Октиси, пронајдени  се една автоматска пушка, сто и шест куршуми за автоматско оружје калибар 7,62 мм, пет рачни бомби, пет запалки за рачни бомби како и други предмети.  


Оружјето и муницијата, кои А.К. неовластено ги поседувал, биле сокриени во подрумски простории односно во столарска работилница  сместена на приземјето од семејната куќа  запакувани во две црни платнени торбици.


Пронајденото оружје и муниција се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, додека А.К. е приведен во Полициската станица во Струга.

По целосно документирање на овој настан, против А.К. ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

OhridNews