На стариот пат Охрид-Струга, во близина на река Сатеска, вчера, околу 10.30 часот, било пронајдено непознато починато машко лице. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и притоа било констатирано дека се работи за лицето Д.С.(60) од Охрид, кој на 7-ми февруари годинава бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

OhridNews