Денес околу 14 часот, во близина на струшкото селото Ташмаруништа, во местото викано Лабунишки ливади, од страна на случаен минувач било забележано безживотно тело во водите на реката Црн Дрим. Веднаш била повикана полицијата, која заедно со истражен судија и во присуство на обвинител извршила увид на лице место. Истрагата утврдила дека се работи за 12-годишниот Пајтим Суља,  кој неодамна исчезна во водите на реката Сушица во селото Татеши.


Информирано било и семејството на момчето кое извршило идентификација на телото.


Потрагата по 12- годишното момче од Татеши започна на 23 ноември, утрината,  кога момчето се изгуби во водите на надојдената река по падот од кочијата со која се превезувало заедно со неговата мајка.  

OhridNews