Познатиот бренд Lisca за оваа сезона ни донесе прекрасни едноделни и дводелни костими за капење во силни и живи бои кои асоцираат на шаренилото на цвеќињата, палмите и тропските растенија, како и модели со интересни дезени. Моделите се елегантни и заводливи, а од боите доминираат розовата, црната и кралската сина боја, како и неодоливите комбинации на најразлични шарени нијанси. Тие се вистински избор за сите трендсетерки кои сакаат да бидат забележани, а можат да се комбинираат со кафтани, туники, сандали и торби за на плажа со што ќе добиете совршен летен изглед. Нашите фаворити можете да ги погледнете во продолжение, а во продавниците на Lisca ве чекаат и супер летни попусти од 30 % на одредени модели.

OhridNews
извор: „stipka.com.mk“