
Во полициската акција за расчистување на случајот приведени се триесетина лица. Продолжува и засилената контрола на граничните премини, а се анализираат и снимките од безбедносните камери во близина на Природно-математичкиот факултет каде се случи инцидентот.
Во вооружениот напад врз алфите, триесет и деветгодишниот Африм Арифи, беше убиен, а двајца негови колеги се повредени кога засега непознати лица од возило „голф“ пукаа од огнено оружје врз нив кај Природно-математичкиот факултет во Скопје.












