Вчера претпладне, во СВР-Охрид од болницата „ Св.Еразмо„ било пријавено  дека  23- годишно лице од село Ботун – Дебарца било донесено со повреда на левата надколеница, предизвикана најверојатно од експлозивна направа.

Од страна на СВР-Охрид превземени се мерки за расчистување на случајот, при што е констатирано дека околу 07.30 часот,  повредениот заедно со уште две лица од истото село се упатиле во населбата Рача за да изведуваат градежни работи. Во моментот додека останатите ги подготвувале машините за работа, го забележале  својот соселанец како лежи на патот и бара помош, по што веднаш го пренеле во болницата „СВ.Еразмо„. Повредениот кажал дека пронашол железна направа која ја ставил во џеб, по што истата после некое време експлодирала. СВР-Охрид превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews