Директорот на велосипедската трка околу Италија – „Џиро д’Италија“, Микеле Аквароне, е суспендиран од својата позиција, поради проневера на 13 милиони евра, во компанијата РСЦ Спорт.
Аквароне, поради супензијата, најверојатно ќе ја пропушто промоцијата на трката за 2014 година. Суспензијата на Аквароне, кој е извршен директор на РСЦ Спорт ја потврдија официјални лица на „Џиро д’Италија“, а според весникот „Милано финанца“, заедно со него е суспендиран и неговиот претходник на функцијата Џакомо Катана.
„Макфакс“