Договорениот трансфер на Наум Вељаноски во Силекс пропадна, откако Младост од Царев Двор не му обезбеди исписница за комплетирање на потребните документи на дефанзивниот фудбалер.


Фудбалерите кои го засилија клубот пред почетокот на сезоната по завршувањето беа слободни играчи, а Вељаноски во Царев Двор се пресели во зимскиот преоден рок и му преостанаа уште четири месеци од стариот договор.

Вељаноски новата сезона ќе ја започне во тимот на Младост, а во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Силекс каде и потпиша три годишен договор.

Договорот со „зелено белите“ го продолжи Антонио Каланоски кој минатата сезона со Игор Клечкароски беа ударни игли во нападот во историскиот успех за клубот.

Клечкароски ја промени средината и следната сезона ќе ги брани боите на Силекс потпишувајќи договор на една сезона.

Мх.П.