Се разбудија спомените за времињата кога работеше жичарата во скијачкиот центар Отешево на планината Галичица. Човек и после толку години штом стапне на самото место, веднаш му се навраќаат слики како вчера да било сето тоа зимско уживање.



Жичарата е изградена во осумдесетиите години од страна на ресенска фирма инвеститор, највероjатно и стопанственик на истата.

Постарите кажуваат дека жичарата не работела повеќе од две сезони. Самиот факт што истата не била во целост инсталирана и технички пуштена во употреба укажува на тоа дека во прашање била сигурноста на корисниците. На сето тоа се надополнува и воопшто необучениот персонал кој што ракувал со целата таа опрема. 


Ни останува да се надеваме дека во блиска иднина ќе се стори нешто за планината, младите и зимскиот туризам и дека овој регион повторно ќе заживее како некогаш. 

OhridNews
Соговорник: Љ. Попстефанија.