Проруските сепаратисти, во вторникот, во источниот дел на Украина прогласија нова држава која ја нарекоа „Мала Русија“. Украина ја покажа „својата моментна и идна неспособност да им пружи мир и благосостојба на своите граѓани“, напишале сепаратистите во декларацијата што ја објави бунтовничката новинска агенција Доњецк.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на прогласувањето на новата држава одговорил со ветување дека повторно ќе биде воспоставена сувереноста на Украина во бунтовничките подрачја.

Бунтот на сепаратистите почна пред три години во двете најисточни украински региони Доњецк и Луханс, откако на демонстрациите во Киев беше симнат од власта прорускиот претседател Виктор Јанукович.

OhridNews

Макфакс