Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2011, изнесува 20 834 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на заводот индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, изнесува 101.0. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10.1%), Уметност, забава и рекреација (9.6%) и Финансиски дејност и дејности на осигурување (7.1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.1%), Дејности на здравствена и социјална заштита (3.5%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1%).

Во ноември 2011 година, 2.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.