Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи зголемување за 2.4 проценти.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (11.9%), Информации и комуникации (6.0%) и Рударство и вадење на камен (4.9%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.1%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.3%) и Рударство и вадење на камен (5.4%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2017, изнесува 22 347 денари. Во февруари 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.