Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 3.3 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (55.8%), Информации и комуникации (9.6%) и Градежништво (7.7%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (48.2%), Информации и комуникации (22.1%) и Стручни, научни и технички дејности (13.0%), информираат од статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016, изнесува 23 457 денари.

Во декември 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews