Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.4. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (22.4%), Рударство и вадење на камен (14.7%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.1%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017, изнесува 22. 672 денари. Во април 2017 година, 0.9% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

OhridNews