Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 39 542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 59 392 денари.
OhridNews












