Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи зголемување од 1,2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво , Рударство и вадење на камен и Преработувачка индустрија. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации , Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и Дејности во врска со недвижен имот.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013, изнесува 20 983 денари.

Во април 2013 година, 1.7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews