Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи зголемување од 0.1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.2%), Транспорт и складирање (7.9%) и Други услужни дејности (5.8%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2013, изнесува 21. 500 денари. Во декември 2013 година, 1.8% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews