Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, изнесува 101.4. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво, Информации и комуникации и Транспорт и складирање.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен, Градежништво и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација .

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2013, изнесува 20 910 денари.Во февруари 2013 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews