
Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на исплатената нето-плата се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (14,5 отсто), Административни и помошни услужни дејности (9,7) и Градежништво (8,7 отсто).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15,6 проценти), Информации и комуникации (12,8) и Преработувачка индустрија (7,2 процента).
OhridNews











