Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2016, изнесува 22 187 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 100.7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво, Административни и помошни услужни дејности и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли,  Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и Стручни, научни и технички дејности.

Во јуни 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews