Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2012, изнесува 21 031 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, бележи зголемување од 0.6%. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (11.4%), Информации и комуникации (4.7%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (5.3%), Рударство и вадење на камен (5.2%) и Преработувачка индустрија (3.1%).

Во октомври 2012 година, 1.8% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews