Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни изнесувала 21.233 денари, што е за 0,6 отсто повеќе во однос на истиот период лани, објави вчера Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (27,2%), Градежништво (10,3%) и Стручни, научни и технички дејности (9,6%). На месечно ниво, просечната нето плата бележи намалување за точно 250 денари.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3,9%) Информации и комуникации (3,8%), и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,8%).
Просечната бруто плата во јуни изнесувала 31.061 денари.
Во јуни 2014 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
OhridNews