Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2015 година изнесувала 22.715 денари, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (11,0%), Уметност, забава и рекреација (6,1%) и Информации и комуникации (5,8%), објави во четвртокот Државниот завод за статистика.
Платата во декември била за 739 денари повисока во споредба со ноемвриската плата
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18,8%), Информации и комуникации (9,9%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8,9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2015 изнесува 33 299 денари. Во декември 2015 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
OhridNews