Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, бележеи зголемување од 1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен, Други услужни дејности и Градежништво.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации,  Административни и помошни услужни дејности и Финансиски дејности и дејности на осигурување .

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2013, изнесува 21 185 денари.
Во јануари 2013 година, 2 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews