По повод светскиот ден на туризмот, Здружението на туристички водичи на Македонија, денеска во Охрид организира бесплатна прошетка на децата со посебни потреби.

Децата со организиран превоз ќе ги посетат познатите архолошки локалитети и културно историски знаменитости во стариот дел на Охрид, а во кафетеријата „Пантелејмон“ на Плаошник ќе добијат бесплатно сокче за освежување и по една разгледница за спомен.

OhridNews