Охридските бродари задоволни од интересот на странските туристи за прошетка по Охридското езеро со брод. Засега, тие пловат зависно од желбата и интересот на групите гости, кои според однапред склучен договор ги изнајмуваат за екскурзии до атрактивните локации на брегот на езерото.


–  Навистина е пријатно доживување од брод да се видат природните убавини со кои изобилува Охридското крајбрежје. Гледката од брод пленува, на едно место да се видат планините кои го опкружуваат езерото и неговата чиста и сина вода е нешто прекрасно, изјавија група холандски туристи кои со брод тргнаа да го посетат Свети Наум. 

Редовната линија до Св. Наум ќе стартува на почетокот на идниот месец кога бродовите ќе поаѓаат и се враѓаат во точно определни термини.


За цената на билетот заинтересираните можат да се информираат на поставените табли во близина на пристаништето. Како и минатата година цената на повратен билет изнесува 10 евра.


Засега во водите на Охридското езеро имаат дозвола да пловат три бродови- Александрија, Галеб и Кристина. Два се со носивост од 150 патнички места, а еден пловен објект од категоријата брод е со капацитет од 80 патнички места.

OhridNews