Обвинителниот акт за случајот „Илинден“ е изготвен и предаден на предметниот судија, дознава  OhridNews, од извори во охридскиот основен суд. Обвинението за трагедијата од минатиот 5-ти септември, покрај капетанот на бродот „Илинден“ Сотир Филески, го товари и овластениот претставник на германски Лојд, Бранко Баиќ , кој го извршил техничкиот преглед на пловилото.

Младиот капетан кој се брани од слобода и овластеното лице одговорно за техничката исправност на бродот  се обвинети за предизвикување тешки дела по безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

.
Проширениот обвинителниот акт, преку македонското министертвот за правда треба да биде доставен до соодветното министерство на Р. Хрватска чиј државјанин е Бајиќ. По истекот на рокот за жалба на што имаат право обвинетите во случајот, се очекува да биде закажан почетокот на судскиот процес за најголемата бродска несреќа во историјата на Македонија.

Бродот Илинден на 5-ти септември 2009 година потона во водите на
Охридското Езеро, на околу 200 метри од автокампот „Елешец“, при што животот го загубија 15 туристи од Бугарија.

OhridNews