Новиот правилник на ФЗОМ, кој стапува на сила на 1- ви септември предвидува Проширување на листата на пациенти кои ќе добиваат можност за специјализирана медицинска рехабилитација, информира директорката на фондот, Маја Парнаџиева- Змејкова. Можност за специјализирана медицинска рехабилитација за прв пат се воведува за деца до 18 години со онколошки заболувања еднаш годишно по завршена онколошка терапија и во фаза на ремисија максимум до 5 години. (во времетраење до 15 дена).

Покрај ова, можност на рехабилитација отсега ќе имаат и сите лица заболени од  мултипла склероза. (еднаш годишно до 21 ден), лицата со  ревматоиден артрит. (еднаш годишно до 21 ден) и сите лица со хемофилија. (еднаш годишно до 15 дена). Новиот правилник ги дефинира  начинот, времетраењето, постапката на остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација и спроведување на истата.

Воведени се контраиндикации за  специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување за – акутна психоза, асоцијално однесување или склоност кон самоубиство- акутна инфективна  болест и фебрилна состојба.

– декомпензација на витални органи- малигни болести во стадиум на егзарцербација и декомпензација – терминална фаза на болеста – патолошка бременост;

– сенилна деменција и тежок облик на генерализирана артериосклероза – нестабилна ангина пекторис- неконтролирани аритмии на срцето- флеботромбоза на длабоки вени на нозе- имобилизација кај која не може да се спроведе рехабилитационо лекување;

Со досегашниот начин на оставарување на правото за медицинска рехабилитација беа опфатени околу 2000 лица годишно кои имаа потреба од рехабилитација, додека со новините ќе бидат опфатени дополнителни 500 осигуреници годишно.

OhridNews

извор Макфакс