На барање на тур-операторите листата за субвенционирање на туристи се проширена на Израел, Шпанија, Франција и Јужна Кореа. Ваква одлука донел Комитетот за туризам на последната седница, обелодени заменик министерот за еккономија Христијан Делев при посетата на Струга.

Тој истакна дека имало барање од тур-операторите за зголемување на субвенциите посебно за туристи од Израел со цел да се привлечат повеќе гости од оваа земја.

Делев изразил надеж дека туризмот и следната година ќе бележи раст како и оваа од околу 10 проценти.

OhridNews