Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе организира проштален меч за капитенот Стивен Џерард. Ревијалниот натпревар ќе се одигра на 29-ти март на „Енфилд“, кога во националните првенства ќе има пауза поради квалификациите за пласман на ЕП.


На прошталниот меч на Џерард ќе присуствуваат негови сегашни и поранешни соиграчи, а еден од нив ќе биде и Џејми Карагер кој поради овој настап го одложил свеченото отворање на својот ресторан во Њјорк.

Џерард по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот во кој мина 17 години и ќе се пресели во Лос Анџелес Галакси. За Ливерпул тој има одиграно  702 натпревари и успеал да постигне 183 голови. Има освоено трофеи во Лигата на шампиони, Купот на УЕФА, Лига и ФА купот.

За англиската фудбалска репрезентација одиграл 114 години и постигнато 21 гол, со националниот тим се збогуваше по СП во Бразил.

„Макфакс“