Хрватот, Роберт Просинечки е најсериозниот кандидат да седна на клупата на Црвена Звезда, пишуваат српските медиуми. Шпекулациите за смена на актуелниот тренер Александар Кристиќ се засилија по ремито со Војводина (2-2).


Поранешниот фудбалер на “Црвена Звезда“ кој беше дел од златната генерација на “црвено-белите“ нема искуство како прв тренер,а моментално работи како помошник на хрватскиот селектор Славен Билиќ.

Ohridnews