Еден од најдобрите фудбалери на златната зведина генерација Роберт Просинечки се врати како тренер на Маракана. Просинечки потпишал 2 и пол годишен договор, а според неофицијални информации годишно ќе заработува околу 200.000 евра.


– Ц.Звезда ми даде многу , сега таа ме бара и јас сум тука за повторно заедно да победуваме – вели Просинечки.

Тој истакна дека во наредните две години ќе се обиде да ја врати победничката атмосфера во клубот, и дека е свесен сум за сите проблеми кои би можеле да се случат на релација Загреб – Белград.

– Верувам и дека ова меѓу Србија и Хрватска мора еднаш да мине, луѓето мора да работат повторно заедно. Не би требало да има никакви проблеми. Мислам дека како тренер би можел да сторам многу во таа насока – истакна Просинечки.

Ohridnews