Доаѓањето на Новата Година, на пладне на градскиот плоштад, први ќе го прослават најмладите граѓани на Охрид.

Во организација на локалната самоуправа, ќе се организира детска забава, со учество на ученици од сите основни училишта во градов. На забавата ќе настапат и познати млади музички ѕвезди од фестивалот “Распеано рибарче“.

Водител на забавата е шоуменот и радио водител Жанко З’ш Голабоски.

OhridNews