Со комбинација од најдобрите моменти од неговите досегашни стендап настапи, актерот Никола Тодороски вчеравечер во кафетеријата Ликвид, одбележа една година од стендап комедијата во Охрид.
Присутните на забавата имаа можност да се расположат и насмеат на бројните комично обработени теми од секојдневниот живот, кои Тодороски ги презентира на еден интересен и препознатлив начин.
Стендапот е нов жанр во Охрид, па и во Македонија, а Никола Тодороски е еден од основоположниците на овој вид комедија. Паралелно со настапите во живо, Никола сними и две сезони од интернет поткаст проектот „Идиотека“ кој ексклузивно се емитува на OhridNews.
Фото: ЕМИЛИО














