Во организација на Женски центар “Бисера”, вчера во ОУ ‘Христо Узунов” се одржа централната манифестација по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на таткото.

Секое основно училиште се претстави со своја програма, а за прв пат оваа година учествуваа и најмладите од градинката “Јасна Ристеска”.


При тоа беа доделени и наградите за учениците кои учествуваа на конкурсот за избор на најубава поетска и ликовна детска творба . Во жири комисијата учествувааа наставници,  од сите основни училиста во Охрид, директорот на библиотеката и  писател- Тоде Илиески и слободната уметницка Хева Редзеп.

Награди добија Елена Стојаноска, Сара Стефаноска и Јана Гореска од градинката “Јасна Ристеска”.


Од предметна и одделенска настава, за испратени ликовни и литературни творби, наградите отидоа во рацете на: Соња Симоновиќ – ОУ “Христо Узунов”, Марина Климоска – ОУ “Братство и единство”, Бојан Петкоски – ОУ “Христо Узунов”, Дамјан Горгиоски – ОУ “Братство и единство”, Кенан Али – ОУ “Братство и единство”, Трајкоска Антоанела, Славица Танеска – ОУ “Григор Прличев”, Љупчо Милошоски – ОУ “Христо Узунов”, Климент Ставрески – ОУ “Братство и единство”, Александар Стојаноски – ОУ “Братство и единство” и Лабоска Ива –  ОУ “Кочо Рацин”. 

OhridNews